Турција

Еродоган: „Истрагата за пожарите продолжува интензивно“

„По сите овие истраги, ќе може јасно да објасниме што точно се случило. Но, ова не е работа што може да се игнорира, се случуваат во различни региони, но во исто време. Започнуваат во Манавгат, но избувнуваат и во Мугла, Мармарис и Бодрум“

Güç Gönel  | 30.07.2021 - Обновена : 31.07.2021
Еродоган: „Истрагата за пожарите продолжува интензивно“

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека истрагата за пожарите што избувнаа во различни делови на земјата, продолжува интензивно, јавува Агенција Анадолија (АА).

По петочната молитва во Џамијата „Бујук Чамлиџа“ во Ускудар, Истанбул, претседателот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите.

На прашањето за пожарите во различни региони во Турција, Ердоган рече: „Истрагата за пожарите што избувнаа во различни делови на нашата земја продолжува интензивно. Всушност, се испитува дали опожарувањата се намерни, има такво нешто или нема, тоа се проверува.“

Ердоган додаде дека политиката, шпекулациите и пристапот на политичките партии во однос на пожарите е навистина тажен.

Наведувајќи дека Министерството за внатрешни работи и разузнавачките служби работат напорно во однос на ова прашање, Ердоган рече:

„По сите овие истраги, ќе може јасно да објасниме што точно се случило. Но, ова не е работа што може да се игнорира. Бидејќи се случуваат во различни региони, но во исто време. Започнуваат во Манавгат, но истовремено избувнуваат и во Мугла, Мармарис и Бодрум“, додаде Ердоган.

- „Работиме со 45 хеликоптери“ -

Нагласувајќи дека како претседател, веднаш ги испратил сите релевантни министри и заменици-министри во регионот, Ердоган додаде:

„Ги мобилизиравме сите наши средства, имаме една од ретките противпожарни организации во светот. Не е како што велат дека таму има авиони на „Туркиш ерлајнс“. Според што го кажувате тоа? Какви информации имате за да зборувате? „Туркиш ерлајнс“ во моментов нема авион што лесно може да се користи овде. Нема такво нешто. Во моментов работиме со 45 хеликоптери овде, тоа се функционални хеликоптери. Од денеска во регионот имаме 5-6 авиони. Меѓу тие авиони се и авионите што ги зедовме од Русија и Украина. Како резултат на преговорите што ги направивме, и Азербејџан ќе испрати амфибиски авион“, нагласи Ердоган.










На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.