свет

Д-8, со население од над една милијарда, е на пат да стане глобална сила

- Д-8 е основана во Истанбул на 15 јуни 1997 година, под лидерството на Неџметин Ербакан, поранешен премиер на Турција, со цел да се збогатат и унапредат односите меѓу Турција, Иран, Пакистан, Бангладеш, Малезија, Индонезија, Египет и Нигерија

Ahmet Furkan Mercan  | 15.06.2019 - Обновена : 16.06.2019
Д-8, со население од над една милијарда, е на пат да стане глобална сила

АНКАРА

Организацијата на осум развиени држави (Д-8), каде што членуваат 8 муслимански земји, формирана во 1997 година под лидерство на Турција, со население од над една милијарда, со своите принципи и географската површина што ја опфаќа стана организација од глобален карактер, јавува Anadolu Agency (AA).

Д-8 е основана во Истанбул на 15 јуни 1997 година, под лидерството на Неџметин Ербакан, поранешен премиер на Турција, со цел да се збогатат и унапредат социјалните и економските односи меѓу Турција, Иран, Пакистан, Бангладеш, Малезија, Индонезија, Египет и Нигерија.

Организацијата на своето лого со 6 ѕвезди ги опишува следните принципи: „Мир, а не војна, дијалог, а не конфликт, правда, а не двојни стандарди, еднаквост, а не ароганција, соработка, а не експлоатација, човекови права, а не доминација, и слобода и демократија“. 


- Економска големина од 3,7 трилиони долари

Според сопствените податоци, Д-8 стана глобален економски блок, и од своето основање за повеќе од 20 години достигна економска големина од 3,7 трилиони долари.

Во истиот период извозниот обем на земјите од Д-8 изнесуваше 693 милијарди долари. Обемот на трговија изнесува 16,4 трилиони долари, а тоа е околу 4 отсто од светската трговија.

Просечниот бруто домашен производ по глава на жител во земјите членки, во просек изнесуваше 2 илјади 207 долари за време на нејзиното основање, а во 2016 година се зголеми на 4 илјади 645 долари.

Осумте земји имаат население од околу 1,1 милијарда и околу 15 проценти од докажаните резерви на нафта во светот. Овие земји произведуваат околу 10 отсто од годишното производство на нафта во светот, а трошат 6 отсто од светската потрошувачка на нафта.

Дваесет и три отсто од докажаните резерви на природен гас се наоѓаат во земјите од Д-8. Во производството на природен гас учествуваат со 13 отсто, а со 11 отсто во потрошувачката.

Младата и динамична популација, трајниот економски раст, силните трговски односи и соработката во стратешките сектори, како што се индустријата, земјоделството, туризмот, транспортот и енергијата, придонесуваат во суштинскиот економски развој на Д-8.

Во 2014 година на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) беше усвоен предлог-законот за доделување статус на набљудувач на Д-8.

Организацијата го имаше својот прв самит во Истанбул во 1997 година, а потоа следуваа, во март 1999 година во Дака, во февруари 2001 година во Каиро, во февруари 2004 година во Техеран, во мај 2006 година во Бали, во јули 2008 година во Куала Лумпур, во јули 2010 година во Абуџа, во ноември 2012 година во Исламабад и последниот самит се одржа во октомври 2017 година во Истанбул.

Организацијата својот 10-ти самит треба да го одржи во Бангладеш оваа година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.