Mahmut Atanur
15 Јуни 2019•Ажурирај: 16 Јуни 2019
ЏАКАРТА (АА) - Индонезиската провинција Малуку ја потресе земјотрес со интензитет од 6,4 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) на Индонезија соопшти дека епицентарот на земјотресот се случил на отворено море, 216 километри југоисточно од провинцијата Малуку, на длабочина од 144 километри.
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика и Центарот за цунами во Пацификот по земјотресот не упатија аларм за цунами.
Според првичните информации, во земјотресот нема загинати или повредени.
На 28. септември 2018 година индонезиското острово Сулавеси по земјотрес од 7,5 степени беше погодено од цунами, кој ги поплави подрачјата на Донгала, Палу и Сиџи. Земјотресот и цунамито на ова подрачје одзедоа 4.340 животи.