İslam Doğru
15 Јуни 2019•Ажурирај: 16 Јуни 2019
ЊУЈОРК (AA) - На 73. роденден на американскиот претседател Доналд Трамп, во Њујорк се одржани протести против неговата политика кон мигрантите на мексиканската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите се собраа пред хотелот „Трамп" и „Tower" во Менхетен. Носеа транспаренти на кои се наоѓа пароли против затворање на мигрантите и разделување на децата од родителите
На транспарентите пишуваше: „Малолетниците родендените ги поминуваат во ќелии", „Не, за затворањето". Носеа и метален кафез на кој пишуваше: „NoKidsInCages".