Barış Gündoğan
21 Февруари 2018•Ажурирај: 21 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, во врска со вчерашниот обид на терористичките групи лојални на сирискиот режим да влезат во Африн, порача дека секој чекор кој значи поддршка на ПЈД/ЈПГ, за Турција станува легитимна цел, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин во Анкара одговораше на прашањата на новинарите, а во фокус беше и вчерашниот обид на терористичките групи лојални на сирискиот режим да влезат во Африн, кои се повлекоа на околу 10 километри од градот по артилерискиот оган на турските сили отворен во знак на предупредување.
„Дали денес или утре можат повторно да се обидат на такво нешто? Можно е. Но, мерките во врска со тоа се преземени. Секој чекор кој претставува поддршка за ПЈД/ЈПГ, значи дека е во истите редови со терористичките организации и како таков за нас претставува легитимна цел“, порача Калин.
Тој нагласи дека Турција не е должна никому да дава објаснувања за операцијата во Африн, и дека неговата земја го прави она што е неопходно за националните интереси.
„Повремено некој се појавува и вели: 'Операцијата во Африн мора да сопре, мора вака или онака... ' Нашиот одговор на тие кои го изјавуваат тоа е: не сме должни никому да даваме никакви објаснувања.
Република Турција го прави она што е неопходно за нејзините нацонални интереси“, порача Калин.
На прашањето дали Турција имала контакт со режимот на Асад, Калин одговори дека Турција нема директен и официјален контакт со режимот на Асад.
„Во вонредни услови, доколку е потребно да се реши одреден проблем, можно е наша одредена служба, зборувам за разузнавачката служба, директно или индиректно да оствари контакт. Тоа е секако еден од описите на работата на нашата разузнавачка служба“, порача Калин.