Can Erözden
21 Февруари 2018•Ажурирај: 22 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Заводот за статистика на Р. Турција (TurkStat) објави дека во 2040 година се очекува населението во Турција да надмине 100 милиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
На официјалната веб-страница на ТуркСтат е истакнато дека популацијата во Турција во 2040 година ќе изнесува 100,3 милиони, а во 2069 се очекува да достигне рекордна бројка од 107,6 милиони жители.
Во 2080 година, се очекува намалување на популацијата на 107,1 милиони жители.
Во меѓувреме, бројот на жители во најнаселениот град во Турција, Истанбул, од сегашните 15 милиони, во 2023 година (година кога се одбележуваат 100 години од основањето на Република Турција). Турската престолнина Анкара истата година ќе има 6,1 милиони жители, додека градот Измир ќе брои 4,6 милиони.
Од ТуркСтат се додава дека турската популација во 2023 година се очекува да изнесува 86,9 милиони жители.
На крајот од 2017 година, бројот на жители во земјата изнесуваше 80.8 милиони, со годишна стапка на раст од 1,24 отсто, се вели од ТуркСтат. Официјалните податоци покажуваат дека населението кое живее во Турција се зголемило за речиси еден милион од претходната 2016 година, кога изнесуваше 79,8 милиони.
Исто така и минатата година Истанбул беше најнаселен град во Турција со 15 милиони жители, односно околу 18,6 отсто од вкупното население во земјата. Потоа следуваше Анкара со речиси 5,5 милиони и Измир со околу 4,3 милиони жители.