Турција

Уште 2 лица загинаа во шумските пожари во јужна Турција, бројот на жртви се искачи на 6

По пребарувањето спроведено во регионот, пронајдени се телата на две лица што биле вклучени во гаснењето на пожарот, додека две повредени лица се пренесени во болница

Ayşe Yıldız, Süleyman Elçin  | 31.07.2021 - Обновена : 01.08.2021
Уште 2 лица загинаа во шумските пожари во јужна Турција, бројот на жртви се искачи на 6

АНТАЛИЈА (АА) - Во подрачјето на Манавгат, во Анталија, јужна Турција, каде што последните денови беснеат пожари, пронајдени се телата на две лица кои учествувале во гаснењето на пожарот, со што вкупниот биланс на загинати во пожарите во земјата се искачи на 6, јавува Агенција Анадолија (АА).

Пожарникарските екипи се испратени на локацијата Белолук, во подрачјето на Гебеџе, недалеку од Манавгат.

По пребарувањето спроведено во регионот, пронајдени се телата на две лица што биле вклучени во гаснењето на пожарот, додека две повредени лица се пренесени во болница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın