Elvir Hociç
27 Јули 2016•Ажурирај: 28 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Централните градски плоштади ширум Турција веќе 13 ден се исполнети со десетици илјади граѓани кои во петок 15 јули го спречија обидот за воен удар во земјата, а веќе во сабота ги продолжија собирите под мотото „Стража за демократијата”, јавува Anadolu Agency (AA).
Истанбулскиот плоштад Таксим, Кизилај Мејдан во Анката, како и централните плоштади во Измир, Ерзурум, Ван, Бурса, Анталија, Коња, Газиантеп, Мардин и речиси сите градови на Турција веќе 13 ден се место на обединување на турскиот народ во борбата против пучистите и терористите, а за демократија и владеење на правото.
Дилсен Инџе Ердоган, професорката по историја на Универзитетот Аднан Мендерес, е една од бројните граѓани собрани на градскиот плоштад во Ајдин. Истакна дека е горда на тоа што на собирите секој ден доаѓаат се повеќе лица кои ја слават демократијата и слободата.
„Историјата овој пат ја пишуваат и жените во Турција. Ова движење за демократија е покренато на нивните раменици. Оваа земја проживеа многу воени удари кога луѓето не излегуваа на плоштадите, туку беа жртви. Меѓутоа, на 15 јули пред тенкови застанаа и мажи и жени. Невооружените и храбри жени се качуваа на тенкови и ги спречуваа. Турчинките го зазедоа своето вистинско место во оваа борба за слобода и демократија”, порача професорката Инџе.
Турскиот народ на улиците и на плоштадите на градовите излезе откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика да се спротистават на обидот за државен удар кого на 15 јули го извршока припадниците на турската војна лојални на терористичката организација Фетулачи/Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ)
Стари, млади, леви и десни, мажи и жени во Турција се обединети околу идејата за одбрана на уставниот поредок и неутрализирање на терористичките елементи во земјата.
Градските власти во Истанбул и другите поголеми градови на Турција ги обезбедија бесплатните услуги на сите видови на градски превоз за граѓаните да можат полесно да се движат до домовите за своите основни потреби и да се вратат назад на плоштадите.
Поголемиот број на парови по склопување на брак во општинските и верските уреди, наместо на меден месец, одат на централните градски плоштади, со цел да се придружат на народното движење против предавниците. Неретко и самите венчавки се одржуваат на плоштадите, со што додадно се развеселуваат насобраните десетици илјади лица со турски знамиња.
На плоштадите се поставени бини со големи екрани на кои насобраните граѓани ги следат случувањата во земјата и пораките на турските лидери. На насобраните од бината им се обраќаат официјални лица, претставници на власта и опозицијата, како и членови на академската заедница, претставници на медиумите и невладиниот сектор.
Собиритe за поддршка на демократијата ширум Турција се спроведуваат со зголемени мерки на безбедност, а граѓаните порачаа дека ќе останат на плоштадите се додека турскиот претседателот и врховниот командант на Турските вооружени сили Ердоган не изјави дека е решено се и дека можат да одат во своите домови.