Ilkay Guder
23 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по посетата на Големото народно собрание на Турција (TБММ) – коешто беше нападнато на 15 јули од страна на учесниците во обидот за државен удар, лојални на терористичката организација ФЕТО – одржа говор при што потсети дека народот од сите градови во Турција одговори на неговиот повик и излезе на плоштадите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во својот говор тој ја нагласи свесноста за терористичките сепаристички организации, од кои ФЕТО се разликува само според дефиницијата.
„Знаевме за терористичките сепаратистички организации, знаевме за ДАЕШ, за ПДЈ, за ЈПГ. Знаевме и за овие (ФЕТО/ПДЈ), само дефиницијата беше поразлична. Се зборуваше дека 'тие истовремено се верска група што се занимава со образование и нема никаква врска со оружје'. Нивната врска со оружјето е многу поразлична во однос на останатите. Тие се толку неморални, толку се предавници што оружјето купено со парите на народот, авионите, хеликоптерите, тенковите ги свртеа против народот“.
Напомена дека во Турција сѐ уште кружат, како што рече, „многу вируси“.
„Многу вируси кружат. Ќе дојде и втора, и трета етапа. Колку и да имате етапи, пратете ги сите заедно“, рече Ердоган.
„ФЕТО е вирус што метастазираше. Некогаш не е доволно само да се искорени. Повторно може да се појави од местото од каде што не очекуваме. Ние сме во ситуација тоа да го минимизираме и затоа продолжуваме со сигурни чекори кон тој пат. Тие многу добро се прикриваат“, рече Ердоган, зборувајќи за терористичката организација ФЕТО.
Осврнувајќи се на одлуката за воведување вонредната состојба во земјата, претседателот Ердоган рече дека таа преставува чекон кон забрзување на процесот на демократизација.
„Таа претставува чекор со цел да се обезбеди забрзување на процесот на демократизација. Исто така, таа претставува начин брзо да се донесат закони за Парламентот да управува со овој процес, и колку што е можно побрзо да се забрза чистењето на државните институции и на другите установи од терористичката организација ФЕТО и од другите терористички организации”, изјави Ердоган, кој им се обрати и на инвеститорите и ги повика да не ги одложуваат инвестициите, туку да продолжат со вложување.
„Им се обраќам на сите инвеститори. Не одложувајте ги вашите инвестиции и со истата решителност продолжете кон тој пат. Државата никогаш нема да престане со инвестиции во инфраструктурата, а исто така и во надградувањето", рече Ердоган.
Турскиот претседател упати порака и до сите оние што се обидуваат да ги покачат цените на одредени производи откако е прогласена одлуката за вонредна состојба, велејќи:
„Во оваа пригода им се обраќам и на оние што се обидуваат да ги покачат цените на одредени производи откако е прогласена вонредната состојба. Ако некои се осмелат и се обидат со вакви погрешни чекори, нека знаат дека ќе имаат работа со државата и со Владата“.
Се осврна и на соопштението на „Стандард и Пурс“ за намалување на кредитниот рејтинг на Турција, велејќи дека тие немаат право да издаваат такви соопштенија, како и дека соопштението е политичко.
„Немаат овластување да даваат такво соопштение во врска со Турција. Но, секако, тие имаат и друг проблем. Ова соопштение во потполност е политичко. Тоа извира од непријателството кон Турција", рече Ердоган во својот говор одржан вечерва во свечениот салон на Големото народно Собрание на Турција (ТБММ).