Yıldız Aktaş
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на мерките што се преземаат за време на вонредната состојба во Турција, низ земјата затворени се голем број приватни образовни институции, фондации, здравствени организации, синдикати, јавува Anadolu Agency (AA).
Вонредната состојба во Турција е прогласена на 20 јули, а одлуките што владата ќе ги донесе за време на вонредната состојба имаат тежина на законот. Тие одлуки се објавуваат во службениот весник и истиот ден се доставуваат до Парламентот за гласање.
Во рамките на мерките што се преземаат за време на вонредната состојба во Турција, затворени се 25 здравствени институции и организации, 1.043 установи и интернати во приватното образование, 1.229 фондации и невладини организации, 19 синдикати, федерации и конфедерации, и 15 приватни високообразовни установи.
Исто така, донесена е одлука да бидат разрешени од должност лицата вработени во јавните институции за кои Советот за национална безбедност ќе утврди дека се поврзани со терористичка организација или со други структури и групи што делуваат на штета на национална безбедност, и тие веќе нема да бидат вработени во јавната администрација.