Merve Yıldızalp
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Повеќе од 45 000 вработени во јавниот сектор се разрешени од должност во рамките на истрагата по обидот за државен удар во Турција на 15 јули, кој го изврши групата лојална на терористичката организација Фетулачи/Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ), јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА во рамките на истрагата по обидот за државен удар дојде до разрешување на вработените во јавните претпријатија, вклучувајќи ја Владата, министерството и другите државни уреди и институции.
Со спроведувањето на истрагата за време на вчерашниот ден од должност разрешени се најмалку 954 лица, а од 15 јули бројот изнесува 45.484 .
Во Mинистерството за образование, индустријата и технологијата, вчера од должност се разрешени најмалку 560 лица, во Министерството за економија 15, Министерството за семејна и социјална политика 206 лица. Суспендиран е и 21 вработен од Државниот завод за статистика.
Инаку, претходно од должност разрешени се 300 лица во Турската радио-телевизија (ТРТ), а со одлуката на министерството за одбрана, од должност разрешени се 262 воени судии и обвинители.