Diyar Güldoğan
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Владата на Република Турција донесе уредба со законска сила со која од јавниот сектор се суспендирани вкупно 2.756 јавни службеници, јавува Anadolu Agency (AA).
Уредбата е објавена во денешното издание на Службениот весник на Република Турција, а се однесува на мерките изречени на лицата поврзани со терористичките организации или активности кои претставуваат опасност по националната безбедност.
Меѓу суспеднираните јавни службеници се наоѓаат 637 војници, 360 припадници на жандармеријата, 61 полицаец и четворица припадници на крајбрежната стража.
Од владината Управа за верски работи е отпуштен 341 службеник.
Со уредбата е наредено 115 претходно суспендирани да се вратат на претходните работни места во јавната служба, бидејќи во меѓувреме се ослободени од обвиненијата.
Паралелно со тоа, со уредбата се затворени и 17 установи кои се оценети како закана за националната безбедност.
Меѓу затворените установи се наоѓаат седум здруженија и фондации, два весника и една здравствена установа.