Ali Cura
07 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија Владимир Путин, разреши од функција 11 генерали кои биле на должност во различни институции поврзани со внатрешната безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
Според одлуката објавената на интернет страницата на Државниот правен информативен систем на Русија, Путин од функција разрешил вкупно 11 генерали, 4 од Министерството за внатрешни работи, 5 од Комитетот за истраги, 1 од Сојузната служба за затвори и 1 генерал од Министерството за вонредни ситуации.
Освен тоа, во согласност со ова одлука, разрешени се и 11 раководни офицери од различни делови на земјата кои работеле во Министерството за внатрешни работи, Комитетот за истраги, Сојузната служба за затвори и Министерството за вонредни ситуации.
Пред извесен период, избувна пожар во еден трговски центар во рускиот град Кемерово во кој животот го загубија 64 лица. Рускиот лидер Путин наведе дека причина за пожарот биле „негрижа‘ и „неодговорност“.