Said İbicioğlu,Hamdi Yıldız
07 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
ГАЗА (AA) - Во нападот на израелските војници на демонстрантите, кои на границата на Појасот Газа и Израел одржуваа мирни протести под називот Голем марш за враќање, во петок за гинаа седум Палестинци, меѓу нив и едно дете, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за здравство на Палестина се наведува дека смртно страдале седум лица, меѓу кои највозрасниот има 45 години, додека најмладиот 16 години.
Од палестинската Црвена полумесечина соопштија дека во нападите на израелските војници на демонстрантите во петок се ранети 446 лица од кои 218 со боева муниција.
Бројот на загинатите Палестинци од минатиот петок, кога почнаа демонстрациите, се зголеми на 29.
И покрај заканите на израелските власи, мирните протести на Палестинците се продолжени и во петок.
Минатата недела на границата на Газа, која е под блокада, Палестинците започнаа мирни демонстрации под мото „Марш на големо враќање“ кој продолжува и денеска и покрај заканите од страна на Израел.
- „Марш на големо враќање“
Во рамките на одбележувањето на 42. годишнината од Денот на земјата, Палестинците од 30 март организираат мировни протести во пограничното подрачје на Појасот Газа со Израел, кој се наоѓа под блокада.
Израелските војници отвораат оган со вистински куршуми врз цивилното население, кое повикува на „враќање на териториите од кои се протерани и отстранување на бесправната блокадата врз Газа која се спроведува од 2006 година наваму“.
- Што е Ден на земјата? -
На 30 март 1976 година, Израел конфискуваше илјадници декари земја која им припаѓа на Палестинците. Како реакција на тоа, палестинскиот народ започна генерален штрајк и организираше протести.
Израелската полиција отвори оган, уби шестмина Палестинци, учесници во протестите, и рани голем број од нив.
Овој настан кој се одбележува како „Ден на земјата“, стана симбол на отпорот што Палестинците го покажуваат по прашањето за земјата, која е извор на судири меѓу Израел и Палестина.