Mohamad Misto,Selen Temizer
06 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (AA) - Во новите воздушни напади на сирискиот режим на Башар ал-Асад и неговите сојузници во Источна Гута загинаа 25 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Освен тоа, силите на Асад и неговите сојузници ја запреа и евакуацијата на цивилите од градот Доум во опколената Источна Гута.
Изворите од Цивилна заштита (Бели беретки) наведоа дека во текот на денот се изведени 35 воздушни напади на Доума.
Според последните информации, загинале 25 цивили.
Потсетуваме, во согласност со договорот од 22 март започна евакуацијата на цивилите од Источна Гута.
Припадниците на режимот на Асад со воздушна поддршка на Русија на 19 февруари покренаа акција на преземање на конрола над Источна Гута.
Од тогаш се интензивираа нападите врз спомнатото подрачје во кое, според претпоставките, живеат околу 400.000 луѓе.
Во нападите страдаа бројни цивили, а неколку илјади луѓе останаа без кров над главата поради што беа приморани да се симнат во засолништа и подруми.