Gülşen Çağatay
20 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот заменик-министер за енергетика, Хушенг Фелахетијан ја поддржа турската Влада која по демократски пат дојде на чело на државата и додаде: „Стоиме зад секој чекор што ќе го направи турската Влада за безбедноста на народот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Фелахетијан во изјавата што ја даде за АА, вели дека во целост го поддржува турскиот народ, кој со својот став и пристап ја сочува демократијата во државата.
Фелахетијан потсети дека претседателот на Иран, Хасан Рухани од самиот почеток на обидот за пуч од страна на терористичката организација Фетулахџи (ФЕТО), телефонски го побарал претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
„Ја поддржуваме демократски избраната Влада на Турција. Нашиот претседател од самиот почеток телефонски му ја даде својата поддршка на претседателот на Република Турција. Го поддржуваме турскиот народ кој со својот став ја сочува демократијата. Среќни сме што турскиот народ на најцврст начин ги сочува демократијата и националната волја. Стоиме зад секој чекор што ќе го направи турската Влада за безбедноста на народот“, рече Фелахетијан.