Турција

Октај: „Никогаш не може да се дозволи волјата на нацијата да биде под закрилата на теророт“

Турскиот потпретседател на својот твитер-профил ја оцени одлуката на Министерството за внатрешни работи за поставување нови луѓе на градоначалничките места во градовите Дијарбакир, Мардин и Ван

Zafer Fatih Beyaz  | 19.08.2019 - Обновена : 20.08.2019
Октај: „Никогаш не може да се дозволи волјата на нацијата да биде под закрилата на теророт“

АНКАРА (АА) - Потпретседателот на Република Турција, Фуат Октај, истакна дека во рамките на борбата за демократија, неизбежна е интервенцијата во општините кои го поддржуваат тероризмот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Октај на својот твитер-профил ја оцени одлуката на Министерството за внатрешни работи на Турција за поставување нови луѓе на градоначалничките места во градовите Дијарбакир, Мардин и Ван.

„Со судски и административни истраги утврдено е дека општинските можности се користат за крвава терористичка организација и затоа направено е тоа што е потребно. Никогаш не може да се дозволи волјата на нацијата да биде под закрилата на теророт,“ напиша Октај.

„Во рамките на нашата борба за демократија, неизбежна е интервенцијата во општините кои го поддржуваат тероризмот“, додава турскиот потпретседател Фуат Октај во врска со денешното разрешување на тројца градоначалници поради вмешаност во терористички активности во корист на терористичката ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.