Турција

Воздушен напад врз турски воен конвој во Идлиб

„И покрај сите предупредувања дадени до властите на Руската Федерација, операциите што ги спроведува режимот со кршење на постојните договори со Руската Федерација во регионот Идлиб продолжуваат...“

Sarp Özer  | 19.08.2019 - Обновена : 20.08.2019
Воздушен напад врз турски воен конвој во Идлиб

АНКАРА (АА) - Тројца цивили се убиени, а 12 се повредени во воздушен напад врз турски воен конвој, при неговото движење кон набљудувачката точка број 9 во Идлиб. Министерството за национална одбрана на Турција го осуди нападот врз конвојот и побара да бидат преземени неопходните мерки, пренесува Anadolu Agency (AA).

„И покрај сите предупредувања дадени до властите на Руската Федерација, операциите што ги спроведува режимот со кршење на постојните договори со Руската Федерација во регионот Идлиб продолжуваат. Тие операции прават голема штета врз цивилите, невините луѓе,“ се вели во соопштението на турското Министерство за национална одбрана.

„Со цел да се обезбеди безбедноста на набљудувачката точка број 9 и за да се намали бројот на цивилни жртви во регионот, на 19 август 2019 година во 04:30 по локално време Руската Федерација е информирана за операциите на режимот, кои се водат спротивно на постигнатите договори. А исто така започнат е трансферот на дополнителни сили во регионот. Тројца цивили се убиени, а 12 цивили се повредени како резултат на воздушниот напад во 07:55 часот по локално време врз турскиот воен конвој, при неговото движење кон точката на набљудување број 9 во Идлиб. Ние остро го осудуваме овој напад, што е спротивно на соработката и дијалогот меѓу нас и Русија. Без оглед на тоа што го задржуваме правото на самоодбрана, очекуваме да се преземат неопходните мерки за да не се повтори нападот­“, се нагласува во соопштението на Министерството за одбрана.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.