Турција

Во голема антитерористичка операција во Турција приведени 418 лица

Антитерористички операции се спроведуваат и во областите Дијарбакир, Мардин и Ван во југоисточна Турција

Ekipa  | 19.08.2019 - Обновена : 20.08.2019
Во голема антитерористичка операција во Турција приведени 418 лица

АНКАРА (АА) - Најмалку 418 осомничени лица се притворени во операциите против сепаратистичката терористичка организација ПКК/КЏК во 29 града во Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Антитерористички операции се спроведуваат и во областите Дијарбакир, Мардин и Ван во југоисточна Турција.

Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека операциите продолжуваат.

ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın