Yusuf Soykan Bal
20 Август 2019•Ажурирај: 21 Август 2019
ИЗМИР (АА) - Во операцијата извршена против терористичката организација ФЕТО во турскиот град Измир, приведени се 18 осомничени лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Републичкото главно обвинителство во Измир издаде наредба за приведување на 18 осомничени лица за кои е откриено дека ја користеле кодираната апликација за комуницирање користена од страна на ФЕТО, „Бајлок“ (ByLock), и чии имиња биле споменати во некои истраги.
Тимовите на Одделот за организиран криминал при полициската дирекција извршиле операција на одредени локации во овој град.
Во рамки на операцијата приведени се 18 осомничени лица меѓу кои актуелни и поранешни полициски функционери, кои потоа биле пренесени во полициска станица.