Турција

Турција: Во Дикили фатени 80 нерегуларни мигранти

Авион на Крајбрежната стража откри нерегуларни мигранти во гумен чамец на отворени води кај местото Килик Бурну во Дикили

Mustafa Güngör  | 20.08.2019 - Обновена : 20.08.2019
Турција: Во Дикили фатени 80 нерегуларни мигранти Фото: Турска крајбрежна стража

ИЗМИР (АА) - Во подрачјето на Дикили, кај турскиот град Измир, фатени се 80 нерегуларни мигранти, од кои 31 дете, во обид на илегален начин да преминат во странство, пренесува Anadolu Agency (AA).

Авион на Крајбрежната стража откри нерегуларни мигранти во гумен чамец на отворени води кај местото Килик Бурну во Дикили, при што тимовите на Крајбрежната стража со чамци се упатија кон местото.

Припадниците на Крајбрежната стража фатија 34 нерегуларни мигранти во гумен чамец, од кои 29 со потекло од Сирија, 3 со потекло од Палестина, еден мигрант од Судан, и еден со потекло од Еритреја.

На отворени во кај островот Калем кај Дикили, тимовите на Крајбрежната безбедност фатија и 46 нерегуларни мигранти од кои 18 деца, со потекло од Авганистан.

Мигрантите се пренесени во градската Дирекција за миграции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın