Турција

Чавушоглу: „Режимот не треба да си игра со оган“

„(Сирискиот) Режимот не треба да си игра со оган. Можеме да направиме сѐ што е потребно за безбедноста на нашите војници“

Tuğrul Çam  | 20.08.2019 - Обновена : 21.08.2019
Чавушоглу: „Режимот не треба да си игра со оган“

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во врска со вчерашниот напад врз турскиот воен конвој во сириски Идлиб, истакна дека сирискиот режим не треба да си игра со оган, и дека можат да направат сѐ што е потребно за безбедноста на турските војници, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу одржа заедничка прес-конференција по средбата со министерката за надворешни работи на Ел Салвадор, Алехандра Хил.

Чавушоглу се осврна на вчерашниот напад извршен врз конвојот на Турските вооружени сили (ТСК) во сириски Идлиб.

„Режимот не треба да си игра со оган. Можеме да направиме сѐ што е потребно за безбедноста на нашите војници“, рече тој.

Шефот на турската дипломатија нагласи дека по овој напад, на секое ниво ги продолжуваат контактите со руските власти, и дека ќе направат сè што е потребно за безбедноста на набљудувачките точки.

Тој истакна дека вчерашниот напад бил изведен врз местото во коешто се наоѓа набљудувачката точка број 9 во Идлиб.

„Немаме намера да ја преместиме 9. набљудувачка точка на некое друго место“, додаде тој.

Чавушоглу, исто така, се осврна и на договорот постигнат со Соединетите Американски Држави (САД) за безбедносната зона во Сирија, и рече: „Нема да им дозволиме на САД да спроведат ист процес како за Мунбич“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.