Турција

„Турција има за цел да оствари извоз на накит во вредност од 6 милијарди долари"

„Во првите седум месеци од 2019 година, извозот во секторот се зголеми за 12,8 отсто и изнесуваше 2,2 милијарди долари, додека во 2018 година извозот се зголеми за 35 отсто, односно изнесуваше 4,4 милијарди долари“, истакна Камар

Gökhan Ergöçün  | 20.08.2019 - Обновена : 21.08.2019
„Турција има за цел да оствари извоз на накит во вредност од 6 милијарди долари"

ИСТАНБУЛ (АА) - „Турција има за цел оваа година да оствари извоз на накит во вредност од 6 милијарди долари и да го удвои овој износ на 12 милијарди долари до 2023 година“, изјави претседателот на Асоцијацијата на извозници на накит од Турција (ЈТР), Мустафа Камар, јавува Anadolu Agency (AA).

Турскиот сектор за накит, според Камар, е најуспешниот сектор кој покажува најдобри резултати во однос на извозот.

„Во првите седум месеци од 2019 година, извозот во секторот се зголеми за 12,8 отсто и изнесуваше 2,2 милијарди долари, додека во 2018 година извозот се зголеми за 35 отсто, односно изнесуваше 4,4 милијарди долари“, истакна тој.

„Чекорите на Асоцијацијата на извозници на накит на Турција во однос на продажбата и маркетингот за раст на перформансите на овој сектор беа ефикасни“, изјави Камар.

Тој додаде дека Асоцијацијата организирала заеднички меѓународни саеми, примала трговски делегации, организирала „роудшоу“, и била домаќин на странски агенти за купување во Турција.

Во турскиот сектор за накит се вработени околу 1 милион луѓе, преку 35.000 јувелирници и 6.000 производители.

„Турција е голем производител на накит на меѓународно ниво, заедно со Индија, Кина и Италија“, рече тој.

Нагласи дека земјата е исто центар на златото поради нејзината геополитичка положба.

Камар рече дека во наредните денови Асоцијацијата планира да посети неколку странски градови, како Мајами и Хонгконг, со цел зголемување на извозот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın