Ekipa
04 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
КОЏАЕЛИ (АА) - Најмалку 20 лица се повредени во сообраќајна несреќа која денес во попладневните часови се случи во северозападната турска област Коџаели, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерoт на АА јавува дека во центарот на градот Голџук возило на јавен градски превоз паднало во простор меѓу две станбени згради.
Возачот ја изгубил контролата на минибусот, кој потоа завршил во сутеренот на зградите под патот.
На местото на несреќата пристигнаа голем број полициски, амбулантни и пожарникарски екипи.
Градоначалникот на областа, Мустафа Алтинташ, за АА изјави дека во болница се однесени 20 повредени лица, но дека никој од нив не е животно загрозен.
Истрагата за несреќата е во тек.