Ekipa
04 Ноември 2018•Ажурирај: 04 Ноември 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Во Анталија, Турција, отворен е Генерален конзулат на Украина, а на церемонијата на отворањето присуствуваше и претседателот на Украина, Петро Порошенко, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата присуствуваа и голем број турски и украински државјани, како и други гости.

Украинците, облечени во традиционална носија, со музика и песна го дочекаа Порошенко, а децата пред почеток на програмата му врачија подарок.
Порошенко на отворањето изјави дека Турција и Украина имаат цврст дијалог.
Тој истакна дека патувањата меѓу двете земји ќе бидат полесни и дека отворањето на Генералниот конзулат е многу значајно, особено за државјаните на Украина кои живеат во јужниот дел на Турција.