Турција, култура и уметност

Истанбул: „Превртена“ куќа во камионска приколка

„Превртената куќа“ поседува сè што е потребно за „нормален“ живот, од мебел, кујнски елементи, тоалет, спална соба, плакари и други предмети. Единствената разлика е во тоа што тие предмети се наоѓаат на таванот од собите

Hüseyin Kulaoğlu  | 04.11.2018 - Обновена : 06.11.2018
Истанбул: „Превртена“ куќа во камионска приколка Serhat Çağdaş/АА

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - ХУСЕИН КУЛАОГЛУ -

„Превртените куќи“ се изложени во многу градови низ светот и привлекуваат големо внимание на туристите. Само во Турција се направени неколку, а една од нив се наоѓа и во Истанбул, пишува Anadolu Agency (AA).

Конструкцијата неодамна беше поставена во истанбулската населба Султанбејли, а со внатрешниот и надворешниот дизајн го привлече вниманието на посетителите.

„Превртената куќа“ поседува сè што е потребно за „нормален“ живот, од мебел, кујнски елементи, тоалет, спална соба, плакари и други предмети. Единствената разлика е во тоа што тие предмети се наоѓаат на таванот од собите.

Работата на овој проект траеше околу седум месеци, а трошоците изнесуваа околу 500.000 лири (околу 80.000 евра).

Дамла Акиџи, од тимот задолжен за оваа куќа, рече дека слична куќа пред две години е направена во Анкара.

Истакна дека по нејзиното завршување решиле во камионска приколка да направат „превртена“ куќа, која ќе биде мобилна и која ќе може да ја претставуваат на различни места. Куќата направена во камионска приколка има површина од 80 метри квадратни.

„На Султанбејли ќе бидеме до 31 декември. Потоа куќата ќе ја преместиме во други делови на Истанбул, а потоа и во други градови“, истакна Акинџи.

Таа додаде дека превртената куќа ја зголемува фантазијата кај децата, развива контакт со предметите и претставува простор на кој е можно нештата да се гледаат од поинаква перспектива.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.