Ekipa
01 Јануари 2020•Ажурирај: 05 Јануари 2020
АНКАРА
Во рамките на натпреварувањето за најдобра фотографија на годината избрани се најдобрите фотографии на репортерите на Агенција Анадолија (АА) кои ја одбележаа 2019 година.
За изборот на „Фотографија на годината“ на АА, во кој учествуваа 51 фотографија во категориите „Вест“, „Живот“ и „Спорт“, од Турција и од светот гласаа 279.701 лице.
Во гласањето што траеше во текот на месец декември, во категоријата „Вест“ првото место го освои фотографијата на Бехчет Алкан, насловена „Турски војник ги насмеа лицата на децата“, во категоријата „Живот“ фотографијата на Хусејин Јилдиз, „Бела патека“, а во категоријата „Спорт“ првото место го освои фотографијата на Мустафа Јалчин, „Војнички поздрав на репрезентативците“.

Фотографијата под наслов „Турски војник ги насмеа лицата на децата“ го прикажува моментот кога турски војник, давајќи им чоколади и бонбони, ги развеселува децата од Тел Халаф, во северниот дел на Сирија, подрачје кое во рамките на турската операција „Извор на мирот“ беше ослободено од окупацијата на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Фотографијата под наслов „Бела патека“ ни го прикажува подрачјето на Игдир во Источна Анадолија, чиј голем дел по обилните врнежи од снег се наоѓа под бела покривка, и две девојчиња како по снегот пешачат кон училиште.

Фотографијата под наслов „Војнички поздрав на репрезентативците“ е направена на натпреварот меѓу Турција и Франција, во рамките на квалификациските напревари во групата Х за учество на Европското фудбалско првенство 2020 година, и го прикажува моментот на војничкиот поздрав на турските репрезентативци по погодокот на Каан Ајхан.
До резултатите од гласањето на турски и англиски јазик може да пристапите преку линковите „aa.com.tr/yilinfotograflari“ и „aa.com.tr/photooftheyear“.