Merve Özlem Çakır
04 Април 2019•Ажурирај: 05 Април 2019
АНКАРА (АА) - Министерката за трговија на Турција, Рухсар Пекџан, истакна дека според Генерализираниот систем на преференции (ГСП), извозот на Турција во март се зголемил за 0,5 отсто, односно, на 16 милијарди и 334 милиони долари, додека, како што рече таа, Турција ја постигнала највисоката вредност на извозот во својата историја во првото тромесечје во 2019 година, односно 44 милијарди и 567 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската министерка Пекџан одржа прес-конференција во Министерството на која ги објави бројките во врска со надворешната трговија во март. Пекџан информираше дека извозот на Турција во март се зголемил за 0,5 отсто, односно, на 16 милијарди и 334 милиони долари, додавајќи дека оваа бројка на извоз е рекордна за месец март.
Таа нагласи дека според Специјалниот трговски систем, реализиран е извоз во вредност од 15 милијарди и 488 милиони долари.
Според неа, увозот во март се намалил за 17,81 отсто, односно, на 18 милијарди и 299 милиони долари.
„Нашиот извоз во првото тримесечје се зголеми за 3,34 отсто, додека нашиот увоз се намали за 21,46 отсто. Во првото тримесечје на 2019 година, постигнавме 44 милијарди и 567 милиони долари, што е највисоката вредност во нашата историја“, истакна Пекџан.
Пекџан рече дека стапката на покриеност на увозот со извоз, која е многу значаен индикатор во оваа насока, ја намалува потребата на Турција од надворешни финансии.
„Покриеноста на увозот со извоз во март во 2018 година беше 73 отсто, додека во март 2019 година беше 89,3 отсто. Покриеноста на увозот со извоз во првото тримесечје минатата година беше 67,1 отсто, додека во првото тримесечје оваа година беше 88,2 отсто“, додаде таа.
Турската министерка за трговија информираше дека надворешниот трговски дефицит во март минатата година бил 6 милијарди долари, додека оваа бројка, во март оваа година - 1 милијарда и 966 милиони долари. „Покриеноста на увозот со извоз, како и надворешниот трговски дефицит во првото тримесечје се намали за 15,2 милијарди долари“, нагласи министерката за трговија на Турција, Рухсар Пекџан.