Kaan Bozdoğan
07 Декември 2020•Ажурирај: 07 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Турција никогаш не е за тензии за прашањето на Источен Медитеран, туку за осигурување мир, соработка, праведност и правда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган испрати видео-порака до Работилницата за Источен Медитеран организирана од страна на Меѓународниот совет на универзитети и Универзитетот „Акдениз".
Турскиот претседател нагласи дека не е можно земја како Турција која има најдолго крајбрежје на Медитеранот, од трибините да ги набљудува случувањата на Медитеранот.
„Ние отворено истакнавме дека нема да ги прифатиме плановите и картите кои имаат за цел затворање на нашата земја во бреговите на Анталија“, рече Ердоган.
„Нашата земја никогаш не е за тензии за прашањето на Источен Медитеран, туку за осигурување мир, соработка, праведност и правда“, додаде турскиот претседател.
Тој нагласи дека не се за узурпирање на ничии права, туку покажуваат цврст став против пиратскиот менталитет кој се обидува да ги земе нивните права.
Според Ердоган, проблемите на Медитеранот може да се решат преку обединување на сите актери во регионот, а не преку исклучување на едни-други.
„На маса сѐ уште стои нашиот предлог за организирање на конференција на која ќе учествуваат сите земји од регионот кои имаа брег на Источен Медитеран, како и кипарските Турци“, нагласи претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.