Aysu Biçer
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес соопшти дека неговата Влада е посветена да ја направи земјата центар за домашните и меѓународни инвеститори, нудејќи им висока самодоверба, задоволителна заработка и низок ризик, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во претстојниот период, ние дополнително ќе го подобриме инвестициската клима со дополнителни реформи во оваа област“, рече Реџеп Таип Ердоган на виртуелно одржаниот самит на Меѓународната асоцијација на инвеститори (YASED).
Тој рече дека Владата започнала со нови реформи во законот, демократијата и економијата во овој поглед, без да исклучува никого.
Истакнувајќи ја силната стапка на економски раст постигнат во третиот квартал, тој рече дека ова е доказ за успешното опоравување на земјата од пандемијата.
Претседателот додаде дека турската економија успешно расте, за разлика од другите земји кои доживуваат рецесија.
„Директните инвестиции во вредност од 220 милијарди долари направени во Турција од 2002 година претставуваат доверба за меѓународните претприемачи“, додаде тој.
„Дојдете и видете го турското гостопримство“, им велам на инвеститорите ширум светот “, рече тој, додавајќи дека Турција нуди значителни предности, особено за меѓународните инвеститори кои бараат алтернатива на азиската мрежа за производство.