Zeynep Rakipoğlu,Sefa Mutlu
07 Август 2022•Ажурирај: 08 Август 2022
Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изврши пробно возење на последниот прототип на турскиот автомобил на електричен погон ТОГГ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган го изврши пробното возење по учествувањето на церемонијата за доделување „Награди за оние кои дале придонес за индустрискиот и технолошки центар Коџаели“ во Долината на технологијата во Гебзе.
Турскиот претседател на социјалните мрежи сподели објава во врска со ова пробно возење на прототипот на ТОГГ.
„На патиштата на нашата рајска татковина... Домашно и национално...“, напиша Ердоган на социјалните мрежи.
Ердоган во објавата сподели и фотографии направени за време на пробното возење.