Dilara Zengin
20 Декември 2019•Ажурирај: 22 Декември 2019
АНКАРА (AA) – Претставувањето на прототипот на првиот автомобил од домашното производство во Турција ќе биде одржано на 27 декември, најави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ова го истакна вчера турскиот претседател Ердоган пред новинарите во Малезија, и најави дека претставувањето на прототипот на првиот автомобил од домашно производство во Турција ќе биде одржано на 27 декември во градот Гезбе.
Јавноста во Турција и пошироко со нетрпение чека да види како ќе изгледа турскиот автомобил, а имагинацијата дополнително ја поттикна министерот Варанк кој на социјалните мрежи денеска објави фотографии на кои е фотографиран до автомобили прекриени со церада.

„Потег на националната технологија“, „ТОГГ“ и „Долина на технологијата“ се хаштазите кои министерот Варанк ги објави со фотографиите.
Во заднината на фотографијата е логото на Групацијата на произведувачи на турскиот автомобил (TOGG).
Варанк објави и друга фотографија, на која, покрај покриениот автомобил стои во друштво со челникот на Групацијата на произведувачи на турскиот автомобил, меѓу кои е и претседателот на Управниот одбор на оваа групација, Рифат Хисарџиклиоглу.