Aysu Biçer
20 Декември 2019•Ажурирај: 22 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Со испораката на радиокомуникациски систем со софтвер за Украина, турскиот гигант во одбранбената индустрија, АСЕЛСАН, ја реализираше својата најголема единечна испорака, изјавија денес официјални лица од компанијата за Агенција Анадолија (АА).
„Компанијата ги заврши испораките на четири од уредите и интерком-системите според договорот потпишан со украинскиот „Спетс техно експорт“ (Spets Techno Export)“, истакнаа официјалните претставници.
Украина е меѓу земјите што ги користат решенијата на АСЕЛСАН за да ги задоволат комуникациските потреби на своите вооружени сили, а првиот договор со Украина, „Спетс техно експорт“ го потпиша во декември 2016 година, по што следувааа осум испораки согласно осум различни договори.
Последната е најголемата единечна испорака на АСЕЛСАН според цената досега.
АСЕЛСАН, компанија која испорачува тактички радиокомуникациски уреди со софтвер за Украинските вооружени сили од 2017 година, отвори производствен погон во главниот град Киев во октомври, земајќи ги предвид долгорочните потреби на земјата.
Со овој потег, компанијата има за цел продолжување на добрите односи помеѓу Турција и Украина и отворање на патот за понатамошна идна соработка.
Украина се соочува со голем број безбедносни предизвици, меѓу кои и сепаратистичкиот конфликт во Донбас, долж нејзината источна граница со Русија. Турција го поддржува територијалниот интегритет на Украина.
Компанијата АСЕЛСАН е основана во 1975 година со цел развој на национални и оригинални производи поради проблеми во Турските вооружени сили за време на мировната операција на Кипар во 1974 година.
Откако неодамна го зголеми своето искуство во радиодизајнот и неговото производство, компанијата АСЕЛСАН разви фамилија на типот воено радио, кое вклучува национални и оригинални радиосистеми кои можат да ги задоволат сите потреби за употреба во воените платформи.
Компанијата извезува комуникациски системи за над 30 земји, со приоритет задоволување на локалните потреби и услови на корисниците.