Sefa Şahin
07 Август 2022•Ажурирај: 07 Август 2022
Турските сили неутрализираа 13 терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Туркије.
Во соопштението се наведува дека храбрите турски војници ефективно и решително ја продолжуваат борбата против терористите во северна Сирија.
„13 терористи на ПКК/ЈПГ, кои отворија провоцирачки оган и извршија обид за напад во зоната каде што беа реализирани операциите Маслинова гранка и Извор на мирот, се неутрализирани преку успешна операција“, се додава во ова соопштение.