Seda Sevencan
08 Август 2022•Ажурирај: 09 Август 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили денес започнаа уште една антитерористичка операција во источниот дел на земјата, соопшти Министерството за внатрешни работи на Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА)
Операцијата, наречена „Ерен Аблука-32 (Битлис-Ван-Азапсари), загинатиот припадник на безбедносните сили Екрем Акаја “, започна во областа Битлис со 520 припадници на безбедносните сили, се вели во соопштението на Министерството.
„Операцијата има за цел целосно да го елиминира тероризмот во земјата“, се додава во соопштението.
Туркије ги започна операциите минатата година, именувајќи ги по Ерен Булбул, 15-годишно момче убиено од терористичката организација ПКК на 11 август 2017 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња.