Havva Kara Aydın
18 Декември 2019•Ажурирај: 21 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Со тоа што Турција ја засили својата борба против терористите, безбедносните сили ја започнаа осмата фаза на домашната антитерористичка офанзива, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата „Киран 8“ се одвива во руралните подрачја во источните области Битлис и Сирт.
Вкупно 3.480 припадници на безбедносниот персонал, вклучувајќи ја жандармеријата и полициските сили, учествуваат во операцијата.
Турција на 17 август оваа година ја започна операцијата „Киран“ во југоисточниот дел на земјата, насочена против терористите на ЈПГ/ПКК во областите Ван, Хакќари и Ширнак. Десет дена подоцна во областите Мардин, Ширнак и Батман е започната и операцијата „Киран 2“. Следуваа уште четири операции, а последната, „Киран 6“, започна во средата.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.