Orhan Onur Gemici,Sertaç Bulur
18 Декември 2019•Ажурирај: 19 Декември 2019
АНКАРА (АА) – Турската полиција под обвинение за поврзаност со терористичката ФЕТО, во Анкара приведе 18 од 27 осомничени лица, сите поранешни вработени во Кабинетот на премиерот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според добиените информации, екипите на Филијалата за борба против тероризам (ТЕМ) во Анкара продолжуваат со активностите за откривање на лицата поврзани со терористичката ФЕТО.
Во овој контекст, екипите на ТЕМ утврдија дека 27 поранешни вработени во Кабинетот на премиерот работеле за структурите на ФЕТО. Во операцијата спроведена од полициските екипи истовремено на различни адреси приведени се 18 лица.
Се дознава дека сите осомничени биле поранешни вработени во Кабинетот на премиерот, кои биле избркани од јавниот сектор.
Во тек се активностите за пронаоѓање на другите осомничени поврзани со ФЕТО.
Операциите против структурите на ФЕТО продолжија и во другите градови на Турција.
Во 13 области на градот Ескишехир приведени се 21 осомничен за поврзаност со военото структурирање на терористичката ФЕТО, организација којашто стои зад обидот за пуч во 2016 година во Турција.
Во градот Токат, приведени се 14 од 15-мина осомничени во рамките за истрагата за ФЕТО, со обвинение за инфилтрирање во безбедносните структури.
Исто така, 19 осомничени беа приведени во операцијата против терористичката организација ФЕТО, со обвинение за инфилтрирање во воените структури на државата. Операцијата е изведена во 9 области на градот Кутахја.