Турција

Ердоган: Зошто западните медиуми молчат за терористичкиот напад во Нов Зеланд?

„Ова не е само поединечен случај. Ова е во целост организиран случај. Овде се убиени 50 муслимани. Меѓу нив има и деца на возраст од само 3-4 години. Немилосрдно се убиени“

Çiğdem Alyanak  | 18.03.2019 - Обновена : 19.03.2019
Ердоган: Зошто западните медиуми молчат за терористичкиот напад во Нов Зеланд?

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека манифестот во врска со терористичкиот напад во Нов Зеланд е подготвен од еден посебен круг, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Манифестот го има подготвено посебен совет; зад ова стои сериозен круг на луѓе. Зошто не му се слуша глас на Западот? Зошто молчат западните медиуми? Ова го пронашле, го подготвиле и му го дале в раце“, рече Ердоган во обраќањето во текот на заедничката програма на Kanal 7 и Ülke TV.

Тој истакна дека целиот свет беше до Европа по нападот на француското списание „Шарли Ебдо (Charlie Hebdo), додавајќи дека Европа сега молчи кога станува збор за терористичкиот напад во Нов Зеланд.

„Ова не е само поединечен случај. Ова е во целост организиран случај. Овде се убиени 50 муслимани. Меѓу нив има и деца на возраст од само 3-4 години. Немилосрдно се убиени“, рече тускиот претседател. 

Тој истакна дека некои предвидуваат казна од околу 15 години затвор за терористот кој изведе напад врз две џамии во Нов Зеланд, напоменувајќи дека толку мала казна е целосно неприфатлива за такво тешко злосторство.

„Таму се убиени 50 муслимани, и сега наводно ќе биде казнет максимално на 15 години. Зар е можно такво нешто? Дали е тоа прифатливо? Зарем ова е детска игра? Убиени се 50 луѓе додека извршувале молитва. Таквите работи не ги прифаќаме никаде, ниту во црквите, ниту било каде. Таквите нешта не смеат да се случуваат никаде“, рече Ердоган.

Тој се осврна и на односите на Турција со Европската Унија, тврдејќи дека ЕУ не може да ги запре преговорите за пристапување на Турција кон таа заедница бидејќи Турција им е потребна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın