Турција

Акар: „Нападот во Нов Зеланд е показател на омразата кон исламот, Турција и Ердоган“

Најостро осудувајќи го нападот, турскиот министер за одбрана рече дека тоа е терористички, расистички и организиран напад.

Sarp Özer  | 18.03.2019 - Обновена : 19.03.2019
Акар: „Нападот во Нов Зеланд е показател на омразата кон исламот, Турција и Ердоган“

ЧАНАККАЛЕ (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, најостро го осуди неодамнешниот терористички напад во Нов Зеланд, кој го нарече терористички, расистички и организиран напад, јавува Anadolu Agency (AA).

Во цела Турција, но и во светот, на различни начини денес се одбележува Денот на сеќавање на шехидите (загинатите херои) и на 104. годишнина од Битката кај Чанаккале. Во Европа позната како Битката на Галиполе, е воедно и една од најкрвавите и најжестоки битки во Првата светска војна, но, според многу показатели, и во историјата воопшто.

Поморската битка што се водеше помеѓу 3 ноември 1914 година и 18 март 1915 година кај Галиполе, како и копнената битка која се водеше на Галиполе од 25 април 1915 година до 9 јануари 1916 година, се битки кои го заземаат најважното место во Турција, а и во историјата на сите муслимански народи во овој дел од светот.

Со присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се одржа собир кај Споменикот на шехидите на Чанаккале, а во обраќањето пред присутните, турскиот министер Акар истакна дека Турција има богато историско наследство кое е проткаено со големи победи, од Малазгирт и Чанаккале, до тековната борба против тероризмот.

„Покрај крвавото лице на војната, Битката кај Чанаккале испиша и страници на историјата за храброста, племенитоста и мерхаметот на турските војници“, рече Акар.

Тој истакна дека во петокот во Нов Зеланд се случи брутален и подол масакр над верниците кои ја обавуваа петочната молитва во две џамии во градот Крајстчрч.

Најостро осудувајќи го нападот, Акар рече дека тоа е терористички, расистички и организиран напад.

„Овој масакр покажува колку пораснала омразата и непријателството на исламофобниот и фашистички тероризам кон исламот, кон Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган“, порача Акар.

Тој, исто така, рече дека Турција низ целата историја храбро се соочувала со предизвиците и дека со ист жар и одлучност и денес води борба против терористичките организации ФЕТО, ПКК/ЈПГ и ДЕАШ.

Турскиот министер Акар порача дека Турција е присутна на преговарачката маса и на теренот, со цел што поскоро да се стави крај на војната во Сирија.

„Безбедносна зона под контрола на Турција е клучот за ставање крај на страдањата и воспоставување на безбедноста на источниот брег на реката Еуфрат. Ги завршивме подготовките за Мунбич и за источниот брег на Еуфрат. Потребните чекори ќе ги направиме кога ќе дојде време за тоа“, нагласи Акар.

Турскиот министер за одбрана, исто така, порача дека турските сили не се борат против браќата Курди, со кои живеат со векови, туку исклучиво против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.