Duygu Yener
23 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
АНКАРА (AA) - Тимовите на турската Црвена полумесечина стасаа до бебето Карим и нејзиното семејство во Источна Гута, јавува Anadolu Agency (AA).
Вестите и секојдневното известување на АА за бебето Карим ги мотивираше и тимовите на турската Црвена полумесечина да направат нешто за да му помогнат на ова бебе и семејството.
Карим Киник, директорот на Црвената полумесечина на Турција, на Твитер напиша дека успеаја да стасаат до бебето Карим.
„Нашите луѓе стасаа до бебето и им побагаме со потребните работи. Ќе ги кренеме оние кои потклекнаа, ќе ја намалиме болката и ќе останеме луѓе. Бебето Карим,со окото кое го ранија бомби го буди светот на кој срцето му е камено. Светот не би ја видел оваа реалност, на петгодишната опсада 400 илјади луѓе, да не беше невиноста на бебето Карим. Она што им се прави на гладните цивили е воено злосторство", наведе Киник.
Со пораката сподели и фотографии на кои е забележана средба на тимовите на турската Црвена полумесечина со бебето Карим.
Откако во јавноста дозна за случајот на двомесечното бебе Карим од Источна Гута во Сирија, кое се бори за живот откако е тешко ранет, а остана и без мајка, покренати се бројни кампањи во знак на солидарноста и поддршка.