İlkay Güder
22 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
АНКАРА (AA) - Во тек е гласањето за најдобра фотографија на Anadolu Agency за 2017 година, а во изборот на фотографиите коишто ја одбележија годината во заминување учествуваше и претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател гласаше за по една фотографија од сите три категории, вест, живот и спорт.
Во категоријата „вест", гласаше за фотографијата на Висам Хашламун насловена „16 - годишно дете симбол на отпорот", на која е фотографираоп 16 - годишното палестинско момче Фавзи ал-Џунаиди со повез на очите додека група израелски војници го приведуваат по нередите во Хеброн на Западниот Брег кои следуваа веднаш по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел.
Во категоријата „живот" Ердоган ја избра фотографијата „Кучето Костак со количка се врати во домот" од авторот Зекерија Карадавут, на која се наоѓа куче, чии задни нозе се парализирани откако го удри автомобил, но на кое сега му е олеснето движењето благодарејќи на помошните колички.
Турскиот претседател во категоријата „спорт" гласаше за фотографијата на Абдуллах Џошкун „Радост на Турција", која ја тематизира прославата на фудбалската репрезентација на лица со инвалидитет на Турција на крајот на финалниот меч на Европското првенство во кое ја совладаа селекцијата на Англија и ја освоија титулата.
Станува збор за гласање на најдобра фотографија на репортерите на АА од целиот свет, а фотографиите се поделени во три категории.