Hasan Namlı
21 Јуни 2017•Ажурирано: 22 Јуни 2017
ДИЈАРБАКИР (АА) - Во рамките на операциите против наркотероризмот, во Дијарбакир се запленети 4 тони и 710 килогами дрога, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносните сили продолжуваат со операцијата против нелегалното производство на наркотични средства од страна на членовите на терористичката организација ПКК, кое е нивен основен финансиски извор, и за откривање и уништување на засолништата и магацините за оружје на оваа терористичка организација.
Операцијата се спроведува во 6 подрачја во околината на градот Дијарбакир, што опфаќа 104 села од југоисточна Турција. Со неутрализирањето на терористите во ова подрачје, меѓу кои се наоѓаат и водачи на терористичката организација, пронајдени се конкретни докази за лицата кои соработуваат со терористите во производството и дистрибуцијата на наркотички средства.
- Пронајдени 1,5 тони дрога скриена под земја -
Во рамките на операциите против наркотероризмот, запленети се вкупно 4 тони и 710 килограми дрога, од кои 749 килограми во прашеста форма и 3 тони и 961 килограм дрога подготвена за обработка. Истовремено, запленети се и 70.728 корења коноп, кој беше уништен на самото место.
Од запленетата дрога, 1,5 тони беа пронајдени закопани во земја. Другата со градежни машини беа извлечени од земјата.
- Пронајдени и рачно изработени експлозивни направи -
Во откриените засолништа на терористите, пронајдени се 450 килограми амониум нитрат, два пакета батерии, 15 помали и 7 поголеми плински боци, пушка – фрлач на гранати, ракетни фрлачи, 160 противавионски ракети, 440 парчиња муниција за тешки митралези, 49 шаржери, панцири, 9 терористички униформи и документи на организацијата.
Во близина на местото Јазикој, покрај патот биле поставени две одделни рачно изработени експлозивни направи.
По инструкции од Jавното обвинителство, уништени се рачно изработените експлозивни направи и засолништата.