Mümin Altaş
23 Мај 2022•Ажурирај: 24 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Во операција на Турската национална разузнавачка служба (МИТ) во северен Ирак е неутрализиран терористот Мехмет Ердоган, кој го користел кодното име „Ахмет Рубар“, водач на терористичката организација ПКК/ХПГ за подрачјето на Махмур-Киркук-Сулејманије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мехмет Ердоган е неутрализиран на 21 мај од турските разузнавачки сили во Киркук, изјави безбедносен извор кој сакаше да остане анонимен.
Тој бил задолжен за надгледување и раководење на операциите на терористичката организација во северните области Махмур, Сулејманије и Киркук од 2021 година, додаде изворот.
Откако дал наредба за бројни терористички напади против Турција, тој беше ставен на листата најбарани терористи во земјата од 1990-тите години.
Ердоган користел лажна лична карта издадена на име Хаџи Мирза Али, додаде изворот. Бил челник на таканаречениот команден совет на ХПГ, кој делува под закрила на терористичката организација ПКК.
Во период подолг од 35 години, ПКК, која е прогласена за терористичка организација во Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и жени, деца и стари лица.