Турција

Ашуре - десерт кој покрај прекрасниот вкус, го штити и здравјето

- Aшурето, кое е незаменлив дел од турската кујна, во исто време тоа е значаен извор на протеини, помага во варењето на храната, содржи масни киселини омега-3, витамини и минерали, како железо, цинк, калциум кои го зајакнуваат имунолошкиот систем

Yeşim Sert Karaaslan  | 18.09.2018 - Обновена : 19.09.2018
Ашуре - десерт кој покрај прекрасниот вкус, го штити и здравјето

Ankara

АНКАРА (АА) - Јешим Серт Карааслан -

За ашурето, незаменливиот дел од турската кујна, се наведува дека во исто време е важен извор на протеини, помага во варењето на храната, содржи масни киселини омега-3, витамини, минерали како што се железото, цинкот и калциумот, го зајакнува имунолошкиот систем и како храна корисна за човековото здравје, може да се користи и за време на диета.

Раководителот на Факултетот за исхрана и диететика при Универзитетот „Локман Хеким“, проф. д-р Невин Шанлиер, истакна дека ашурето како десерт и покрај тоа што постои и во другите општества, врз основа на влијанието на верата, добива посебно место во верската и културната димензија на културата на турската кујна.

Според Шанлиер, ашурето исто така зазема значајно место и во кујните на османлиските палати.

„Ашурето во кујната на османлиските палати се готвело од страна на готвачите и килер-агите (лица што ги надгледувале подрумите), под контрола на шефот на кујната, алваџија. Ашурето, по извршената молитва, се делело на граѓаните. Ашурето до народот се дистрибуирало во еднорачен порцелански сад наречен „ашуре бокалче (стомна)“, со врат од едната страна кој имал отвор што се затвора. Ваквите садови можеле да се најдат и во богатите куќи. Откако ќе се испразнел садот со ашуре, истиот се полнел со ф’стаци, бомбони со бадем, чоколадо и се праќал назад. На тие што немале бокалче, ашурето им се делело во чинии“, истакна професорката Шанлиер.


- „Извор на протеини слични како месото“

Шанлиер истакна дека ашурето е десерт кој има многу висока хранлива вредност, додавајќи дека од аспект на аминокиселините, ашурето е извор на протеини слични како месото.

„Аминокиселините што се во ограничена содржина кај мешунките може да се најдат во житариците, додека аминокиселините што недостасуваат кај житарците ги има во мешунките. Во ашурето се спојуваат житариците и мешунките, па затоа се зголемува нивото на квалитетни протеини. Бидејќи мешунките и житариците се консумираат истовремено, гликемискиот индекс е на ниско ниво“, подвлече професорката Шанлиер.


- „За тие што сакаат да ослабеат, ашурето е хранливо и заситува“

Потсетувајќи дека ашурето се подготвува од жито, мешунки и овошје, професорката истакна дека во него воопшто нема животински маснотии - холестерол.

„Лешникот, оревот и бадемот, кои се многу богати со омега-3 масти, му се додаваат на ашурето. Омега-3 масните киселини особено се ефикасни за васкуларното здравје и за меморијата. Ашурето, благодарение на овие хранливи материи, изобилува со железо, цинк, калциум, магнезиум, Б, Е-витамини и флавоноиди. Овошјето што се користи при подготовка на ашурето, особено го зајакнува имунолошкиот систем“, дададе Шанлиер.

Шанлиер, исто така, потсети дека во однос на слатките подготвени со шербет, ашурето во себе содржи помалку масти и може да се користи при диета.

„Ашурето како хранлив десерт што заситува, може да го јадат лицата што сакаат да ослабат во замена за слатките со шербет“, препорача професорката Шанлиер од Универзитетот „Локман Хеким“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.