Nurhan Çorlu
19 Ноември 2016•Ажурирај: 20 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим денес во Истанбул изјави дека Турција за 14 години оствари значителни промени во секторот на здравството, кои не ги има поголемиот дел од развиените земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим се обрати на церемонијата на отворање на клиничкиот центар на Универзитетот Окан во Истанбул и се осврна на состојбата во здравството и образованието во Турција.
Рече дека Турција во последните 14 години доживеа значителни промени и трансформација во секторот на здравството, такви промени нема во добар дел од развиените земји".
Нагласи дека и на полето на образованието е забележан голем успех, како и дека само во изминатите месец и пол дена се отворени седум нови универзитети.
„Кога дојдовме на власт во Турција активни беа 76 универзитети. Иако во изминатиот период голем број универзитети се затворени поради поврзаноста со терористичката организација ФЕТО, моментално бројот на активни универзитети е 189", рече Јилдирим.
Нагласи дека за секторот здравство е издвоен голем буџет.
„Моментално нашиот најголем буџет има образование од 122 милијарди турски лири (35 милијарди евра) а веднаш после тоа е здравство од 111 милијарди лири (30 милијарди евра). Најголемиот спасувачки тим во Европа се наоѓа во Турција. Работиме и на јакнење на здравствениот туризам, а задоволството на граѓаните во однос на здравството е зголемено од 39 на 74 отсто", рече Јилдирим.