Ivana Ramadanova
01 Јуни 2017•Ажурирај: 02 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека пред малку е извршен оружен напад врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, јавува Anadolu Agency (AA).
Од министерството велат дека лицето кое се обидело да го изврши нападот е уапсено од страна на полициските служби.
„Денес околу 12.00 часот, пред објектот на Министерството за здравство, лицето Љ. С.(1957) од село Долно Каласлари, Велешеко, по кажување на очевидци на настанот испукал два проектила од пиштол кон поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Повредени лица нема, додека пак лицето кое го нападнало поранешниот министер е приведено од страна на полициските служби. На местото на настанот е пронајдена една чаура. Во моментот се врши увид“, велат од Министерството за внатрешни работи.