Ekipa
21 Февруари 2016•Ажурирај: 22 Февруари 2016
KAЛАМАЗУ (АА) - Непознат напаѓач пукајќи од автомобил уби седум лица, а тројца ранил на три локации во Каламазу во Мичиген, јавува Anadolu Agency (AA).
По инцидентот, полицијата го уапси напаѓачот кај кој не беше пронајдено оружјето кое го користел. Според првичните податоци, станува збор за 45-годишен белец.
Повредените лица се хоспитализирани, а лекарите се борат за животот на деветгодишно девојче. Претходно од прострелните рани подлегна 14-годишно девојче.
„Се чини дека се работи за најлошото можно сценарио, некој се вози и пука наоколу”, изјави заменик-командирот на полициската станица во Каламазу, Пол Матијас.