Zehra Ulucak
02 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
ЛАС ВЕГАС (АА) - Мажот кој го изврши оружениот напад во Лас Вегас, во кој загинаа повеќе од 50 лица, е Стивен Падок (64) од Невада, соопшти локалната полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во нападот се ранети повеќе од 200 лица, а локалните власти стравуваат дека бројот на настраданите би можел да се зголеми, бидејќи некои од ранетите се во тешка состојба.
Претходно, шерифот на полицијата на Лас Вегас, Џозеф Ломбардо, изјави дека напаѓачот е неутрализиран но не го објави неговиот идентитет.
„Мислиме дека напаѓот дејствувал сам, дека бил како што тоа го нарекуваме, 'осамен волк'“, изјави тогаш Ломбардо.
Полицијата и понатаму трага по жената по име Марилу Данли, за која се претпоставува дека е со азиско потекло. Утврдено е местото на кое се наоѓа 62-годишната Данли, но таа сѐ уште не е фатена.
Вооружениот напаѓач пукаше во присутните на фестивал за кантри музика во хотелот и казиното „Менделеј Беј“, во јужниот дел на централниот булевар во Лас Вегас и во близина на меѓународниот аеродром „McCarran“ (Меккаран).
Станува збор за оружен напад, во којшто настрадаа најмногу лица во САД.