Dildar Baykan
02 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Американската администрација објави соопштение во врска со нападот за време на музичкиот фестивал во американскиот град Лас Вегас, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку социјалната мрежа „Twitter“ (Твитер) ја објави пораката: „Упатувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во овој страотен напад. Господ нека ве благослови“.
Полицијата на Лас Вегас објави дека нападот бил изведен од 32. кат на хотелот „Менделеј Беј“, при што е пукано врз посетителите на концертот на отворено. Полицијата информира дека во нападот загинаа најмалку 50 лица, а повеќе од 200 се ранети.