Ekipa
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските власти денес соопштија дека едно лице застрело двајца високи функционери во град во југозападниот дел на земјата пред да се самоубие, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната новинска агенција Синхуа објави дека претседателот на Комунистичката партија во градот Панџихуа, Џанг Јан, и градоначалникот Ли Џианкин се повредени за време на состанок во локалниот изложбен и конференциски центар во утринските часови.
Осомничениот, кој наводно подоцна извршил самоубиство е претседател на одделот за земјиште и ресурси на Панџихуа, Чен Зонгшу.
Според одделот за односи со јавност на градот, здобиените повреди на двајцата високи функионери не се животно загрозувачки.